Нова Вип припејд понуда: Само со Вип припејд бонус до 1.000 денари

26

one vip logo

Почнувајќи од денеска, оне.Вип воведува нова исклучително поволна понуда за Вип припејд корисниците со која корисниците добиваат бонус до 1.000 денари.

Сите нови и постојни Вип припејд корисници кои ќе испратат бесплатна СМС порака со содржина START на број 1454, ја активираат Vip Fun + тарифната опција со која имаат можност да добијат вкупен бонус до 1.000 денари за период од 10 месеци. Бонусот од 100 денари корисниците го добиваат секој месец доколку надополнат кредит претходниот месец, и истиот можат да го користат според нивните желби и потреби.  При тоа со Vip Fun + тарифната опција разговорите кон сите национални мрежи изнесуваат 1,9 денари минута, со цена на воспоставување на повик од 3,9 денари, како и поволни цени за СМС пораки кон сите национални дестинации и за интернет сообраќај. Tарифната опција Vip Fun+ е валидна 15 дена при надополнување на кредит во износ од 100 до 299 денари, односно 30 дена при надополнување кредит над 300 денари.

Вип припејд корисниците кои, пак, имаат потреба од повеќе интернет сообраќај, можат да одберат еден од двата нови Vip click месечни пакети во кои за 199 денари добиваат 1GB интернет месечно или за 379 денари добиваат 3GB месечно, а за припејд корисниците достапен е и неделен интернет пакет за 49 денари за што корисниците добиваат 200МВ интернет кој може да се користи во текот на една недела.