Новак Ѓоковиќ донира милион евра за респиратори и медицинска опрема

32

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ соопшти дека преку неговата фондација ќе донира милион евра за респиратори и дополнителна медицинска опрема, пренесува N1.

“Респираторите во овој момент се најнеопходна медицинска опрема за спасување на животи“, рекол Ѓоковиќ и додал дека респираторите ќе бидат набавени од Кина, а дел од Германија.

Неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ изјавила дека респираторите во овој момент се неопходна опрема, но сите се “нафрлија на производителите“.

“Нема доволно. Цената е од 10 до 50 илјади евра и прашање е дали тоа ќе биде крајна цена“, рекла Ѓоковиќ и додала дека се водат од критериумот опремата да биде квалитетна и да може за кратко време да стигне во Србија.

Србија има голема помош од нејзини спортисти, бидејќи претходно и тенисерката Ана  Ивановиќ учествувала во набавка на 35 респираторни машини наменети за нејзината земја.

Фото: Facebook