Новак Ѓоковиќ го откупи целото сирење од магарешко млеко

28

Светскиот првак во тенис Новак Ѓоковиќ отвoра ланец на ресторани во неговата родна земја Србија. За потребите на својот бизнис тенискиот ас го откупи целокупното производство на сирење кое се добива од магарешко млеко во Србија.

Магарешкото сирење или “пуле” е редок деликатес кој чини 1000 евра за килограм, и се добива исклучиво од магарици кои се одгледуваат на фарма западно од Белград.

Зашто ова сирење е толку скапо? Освен тоа што магариците рачно се молзат три пати во денот, потребни се 25 литри млеко за да се произведе еден килограм сирење. Магариците пасат слободно и се чуваат во еден од најчистите природни резервати во Србија.

Ова бело ронливо сирење е слично на шпанското сирење Manchego, но со уште појак и побогат вкус, се вели во лондонскиот весник Telegraph.

Рестораните каде што ќе се служи овој деликатес во Белград ќе се викаат Novak Café & Restaurant.

Моментално на менито можат да се најдат некои од стандардните јадења како одбрани салати, рижото, разни видови на паста – шпагети карбонара, болоњезе, разни тестенини и лосос, бифтек и пилешко месо.

Млекото од магарица се вели дека има најмногу сличности со човечкото млеко, а е богато со омега 3 и омега 6 киселини кои помагаат за намалување на нивото на холестерол во крвта.