Новата фабрика на Форд ќе произведува 500.000 електрични камиони годишно

29

Новата фабрика на Форд во Западен Тенеси ќе може да произведува до 500.000 електрични пикап камиони годишно со полн капацитет, објави компанијата.
Американскиот производител на автомобили објави во септември 2021 година дека ќе изгради фабрика за батерии на локација од 1.460 хектари во Стентон, североисточно од Мемфис.

Изградбата на локацијата BlueOval City започна минатата година. „Форд“ соопшти дека планира да започне со производство на електричен камион од втората генерација „со кодно име Project T3 до 2025 година.

Фото: Pixabay