Шведскиот гигант за мебел Ikea започна со изградба на својот нов продажен објект на седум ката во Виена. Проектот на Querkraft Architekten прикажува дизајн фокусиран на примена на зелени фасади и елиминирање.
Новиот објект со зелена фасада нема да има паркинг и ќе биде настроен кон екологијата и пешаците, велосипедистите и луѓето кои користат јавен превоз, а ќе се карактеризира со неконвенционален и неформален дизајн.
Покрај малопродажниот простор, во објектот ќе има многу зони наменети да се организираат најразлични настани. Ќе има многу простор за шетање, а планираните 160 дрвја поставени низ фасадата на зградата, кои ќе потсетуваат на полица, позитивно ќе влијаат на микроклимата.
Концепт без автомобили
Концептот е фокусиран кон тренд што го зема предвид драматично променетото однесување на клиентите, како и нов облик на мобилност во град без автомобили. Клиентите имаат малку време денес и ја ценат оваа практичност и удобност. Сè повеќе клиенти веќе не размислуваат да ги носат самите предмети што ги купиле бидејќи можат да бидат доставени, стои во соопштението на Ikea.
Новиот центар е насочен пред сè за пешаци, велосипедисти и корисници на метрото или трамвај, со ветување дека сите предмети ќе бидат доставени до нивните домови во рок од 24 часа, пишува Designboom.
Изградбата на овој продажен објект почна на 7 јануари, а треба да заврши во 2021 година.
Фото: Querkraft