Новата реклама на BMW: Арнолд Шварценегер како Зевс, Селма Хајек како Хера – холивудските ѕвезди снимија „луда“ реклама

594

BMW објави реклама која ќе биде прикажана на Super Bowl.

Во рекламата се појавуваат холивудските актери Арнолд Шварценегер и Селма Хајек во улогата на грчкиот бог Зевс и божицата Хера. Двајцата уживаат во сончевиот Палм Спрингс, Калифорнија, но на Зевс му здосадува да им помага на соседите и другите во нивните „електрични“ проблеми. Од друга страна, Хера ужива во пензија, но го препознава проблемот на нејзиниот сопруг. Така таа му купува BMW iX за да го расположи.