Новата Škoda Fabia освои пет ѕвезди за безбедност

39

tech_003_f

Aвтомобилите на Škoda ги заштитуваат патниците со својата врвна безбедност. Целата гама на Škoda, составена од седум модели, ги има максималните пет ѕвезди на меѓународно признатите безбедносни тестови Euro NCAP. Во ноември 2014 година новата Škoda Fabia ги освои максималните пет ѕвезди. Меѓународно признатиот врвен рејтинг на Euro NCAP го докажува високо ниво на сигурност на сите Škoda автомобили и е резултат на интензивната работа, со цел да се постигне максимална активна и пасивна безбедност. Покрај тоа, компанијата е дел од различни иницијативи поврзани со општата безбедноста на патиштата, кои се дел од социјалната одговорност на Škoda.

“Безбедноста на сите патници е врвен приоритет за Škoda. Овој бескомпромисен стандард се однесува за сите класи на возила, од градскиот автомобил Škoda Citigo, до знаменосецот на брендот Škoda Superb. Ние постојано го подобруваме нивото на активна и пасивна безбедност во нашите возила. Ова вклучува инсталирање на многу нови системи за помош, како и совршено координиран системи за врзување, врвна суспензија, системи за осветлување со високи перформанси и оптимизирање на каросеријата на нашите возила”, изјави членот на одборот за технички развој на Škoda, д-р Френк Велш.

Во одделот за технички развој во Škoda работат повеќе од 1.700 специјалисти, дизајнери, инженери и конструктори. Нивната работа, директно или индиректно, е поврзана со безбедноста на возилата.

Škoda Auto е една од најстарите компании за производство на автомобили во светот. Од 1895 година, со седиште во Чешка, Млада Болеслав, Škoda најпрво започна со производство на велосипеди, а набргу потоа со производство на мотоцикли и автомобили.

Во моментов гамата ја сочинуваат седум патнички модел: Citigo, Fabia , Roomster / Praktik, Rapid, Octavia, Yeti и Superb.