
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката заутврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 6,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 94,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за7,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.07.2026 година
и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 93,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 3,205 ден/кг, во однос на
малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени нa нафтените деривати и горива за транспорт од 13.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 45,373 ден/кг.











