Нови цени на горивата од полноќ

36

Оваа недела горивата ќе имаат нови цени, единствено непроменета ќе остане цената на бензинот Еуросупер БС – 98.

За половина денар поевтинува Еуросупер БС – 95 и ќе се продава по 59,50 денари за литар. Еуросупер БС – 98 и оваа недела ќе се точи по иста цена (61,50 денари за литар).

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар. Па така, Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 51,50 денари за литар исто како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1).

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,099 ден/кг во однос на цената утврдена со одлуката од 16.11.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 27,481 ден/кг.

Фото: Freepik