Генерали е една од водечките компании за осигурување и инвестиции во светот, а годинава влезе на македонскиот пазар, купувајќи ги КД Фондови АД Скопје. Oснована е во 1831 година, а денес работи во над 50 држави. Влегува во Fortune Global 500 како 60-ta компанија во светот.
Токму оваа компанија ги поврза инвестирањето во фондови со сигурноста на животното осигурување на Винер живот и Кроација живот. Успеаjа да создадат иновативна можност за заштита на семејството.
Овој производ претставува инвестирање во акциски фонд без влезна провизија, животно осигурување и инвестиција целото семејство, заштита со валутна клаузула, индиректен акционер во странски познати компании, диверзификација на портфолиото по земји, валути, инструменти и автоматско реинвестирање на добивката.
Покрај тоа што овој производ овозможува обезбедена иднина, дополнително нуди и поголем профит.
Токму заради тоа, Генерали ги воведе и ги промовираше двата производа коишто ги нудат сите спецификации на осигурително – инвестиционен продукт.
Футура – динамичен производ
За динамичните вложувачи, Генерали заедно со Винер Лајф креираа одлична комбинација од животно осигурување и инвестирање во Генерали топ брендови. Со можност клиентите сами да одлучат за распределба на средствата во осигурувањето и инвестирањето во акции во светски реномирани компании.
Гарант инвест – балансиран производ
За балансираните вложувачи овој продукт претставува инвестициско осигурување на живот во соработка со Кроација осигурување Живот. Производот е наменет за оние кои се подготвени да прифатат распределба на ризикот преку комбинирано вложување – вложување во Генерали топ брендови, со цел остварување на повисок очекуван принос на вложените средства и вложување во осигурување на живот во случај на смрт и доживување со цел обезбедување на гарантирана осигурена сума.