Глобални компании од автомобилскиот сектор во текот на првиот квартал од оваа година ќе испратат свои претставници во Македонија, со цел да ги финализираат преговорите за изградба на свои фабрики во земјава. Ова е најавено на средбите што директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски зони, Виктор Мизо, ги оствари на Automotive News World Congress, кој се одржува во Детроит за време на најголемиот саем за автомобили во Северна Америка, NAIAS.
Се работи за американски и европски компании кои се произодители на автомобилски делови, со кои се разговара за инвестирање во слободните економски зони во Македонија.
На конференцијата присуствуваат претседателите на најголемите компании за производство на автомобили.