Нови канали на Близу: Sportklub HD, N1 и ексклузивните британски музички канали во понудата 

29

new_channels_platform

Телекомуникацискиот оператор денеска ја збогати својата програмска понуда со нови ексклузивни канали, како и со каналите од платформата Sportklub кои повторно се вратени во програмските листи.

Близу денеска активира вкупно десет канали од Sportklub платформата, од кои покрај веќе постоечките SK1, SK2, SK3, Ultra, Cinemania и Lov I Ribolov, додаде три нови канали: Sportklub HD кој за првпат се емитува на територијата на Република Македонија, информативниот N1 и Grand Narodna. Каналите ќе бидат распоредени во два пакета кои ќе бидат бесплатно вклучени во одредени пакети на операторот.

Покрај овие канали, Близу ексклузивно ги вклучи британските број 1 музички канали: Smash Hits, Kerrang!, Kiss, а наскоро и каналите Magic и The BOX Africa. Со додавањето на овие канали, Близу стана единствениот оператор во Македонија кој го има интегрирано портфолиото на најгледаната платформа на музички канали во Европа, BOX Television. Новите канали ќе бидат вклучени во пакетот ДТВ плус, каде корисниците ќе ги следат каналите без дополнителна доплата.

“Со вклучувањето на десетте канали од  најгледаната спортска платформа на канали – Sportklub и новите канали од британската платформа на канали BOX, остваривме една од нашите примарни цели – вклучување на што е можно повеќе и што е можно поразлични канали од најдобрите платформи на канали. Ние сме мотивирани да го понудиме најдоброто од светската музичка и спортска сцена и ова е само еден чекор кон остварување на истото“, изјави Искра Секуловска, маркетинг директор во Близу.

Со вклучувањето на овие канали премиум, Близу го најави претстојното зголемување на бројот на канали во својата понуда со каналите Djazz TV HD, Brava HD и Classica HD.