Неколку македонските развивачи и иноватори ги пријавија своите готови М2М (machine 2 machine) решенија од доменот Интернет на нештата (IoT) на интернационалниот натпревар Business Wall of Fame, којшто во Македонија за прв пат го носи Македонски Телеком, како дел од групацијата Дојче Телеком.
Пријавени се две Smart Home решенија BCON Wireless Socket од компанијата SMD, Smart Electronics и IP Home and Office од компанијата PRO IP Solutions.
BCON Wireless Socket е уред од компанијата SMD Smart Electronics од Скопје, којшто овозможува безжична интернет регулација и комуникација со останатите паметни уреди во домот или компанијата, со помош на паметен телефон.
Kомпанијата PRO IP Solutions го пријави решението Smart Home, коешто исто така претставува решение за управување на уредите во домот. Платформата работи на Wi Fi, LAN и GSM. Акцентот е ставен на управување и контрола на веќе поставената електрична инсталација и уреди, без дополнително ожичување и модификација на уредите.
Покрај овие две решенија, на натпреварот се пријавија уште четири македонски проекти: Интелигентен омекнувач на компанијата Бентен – Пан, којшто ја контролира тврдоста на водата што е неповолна за домашните уреди и има интегрирано микропроцесор за далечинска контрола, којшто може да се управува со мобилен телефон. Решението Fueloyal на македонско – хрватската старт – ап компанија 4VIRTUS што претставува паметно капаче за контрола на гориво и превенција од кражба на гориво, наменето за големите превозници. Решението на компанијата Леов, паметен бојлер којшто се управува од мобилен телефон. AgroIT е ИоТ решение за целокупно менаџирање на една фарма со кое со помош на сензори на фармерите ќе им бидат доставувани навремени информации на нивните паметни уреди, што ќе овозможи навремена нивна реакција и поефикасно искористување на нивните ресурси.
Регистрацијата на учесниците траеше до први јуни, а услов за пријавување беше решенијата да содржат хардвер, софтвер и конективност или поврзување. Во тек е гласањето кое трае до 22 јуни. Учесниците можат да го зголемат бројот на гласовите и шансите за победа со активирање на заедницата да гласа за нив.
Причина повеќе зошто да се вклучите и да го поддржите по Вас најдоброто македонско ИоТ решение е фактот што – и поддршката се исплати. Сите компании и нивните вработени кои ќе се вклучат во натрпеварот за да гласаат, доколку се регистрираат и како поддржувачи на IoT решенијата кои се нивен фаворит, имаат можност да си обезбедат маркетинг кампања во вредност од 20.000 евра заедно со победничкото IoT решение.
Уредот BCON Wireless Socket води по гласови од корисниците на македонскиот натпревар, дел од интернационалниот Business Wall of Fame натпревар на Deutsche Telekom. Натпреварот има за цел да ги собере најинтересните проекти за Интернет на нештата, со ветување дека ќе ги промовира победниците во 30.000 евра вредна маркетинг кампања преку Македонски Телеком.
Победникот ќе биде прогласен на седми јули од жири комисија.