Нови мерки во Шведска: Владата ќе може да затвора приватни компании

67

Шведскиот Парламент  усвои привремен закон, кој и дава на Владата нови овластувања за да може да затвора приватни компании со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Премиерот на Шведска, Стефан Лофвен изјави дека со оглед на фактот дека епидемијата ќе продолжи уште некое време и дека не е познато во кој обем ќе биде, очекува наскоро да се спроведе новиот закон.

Законот претставува значаен чекор за шведската влада кон пристапот на задолжителните мерки усвоени од поголемиот дел од Европа.

Досега, на Швеѓаните им беше советувано да одржуваат социјална дистанца, да ги мијат рацете и да работат од дома секогаш кога е можно, а на приватните компании како продавници, ресторани или спортски сали им беше дозволено да останат отворени за време на пандемијата.

Фото: Pixabay