Европската комисија наметна нови правила за е-трговија во Европа, а во подготовка се уште неколку коишто, како што потенцираат оттаму, треба да придонесат за позадоволни купувачи.
Целта на измените е да се добие подобар пристап до онлајн пазарот, односно до сите производи коишто бизнисите со е-трговија ги нудат во ЕУ, како и да се елиминираат неоправданите бариери помеѓу земјите и неоснованите барања што некои компании ги наметнуваат.
Е-трговијата е eден од темелите за креирање на единствена дигиталната маркетинг стратегија во Европа. Токму затоа, ЕУ презема одредени чекори за корисниците да можат безбедно и лесно да купуваат онлајн.
Од јануари следната година сите нови правила ќе стапат на сила, со што меѓународните власти полесно ќе можат да ги заштитат онлајн купувачите.
Законите ќе оневозможат пристап на веб страни и социјални медиуми кај коишто се идентификувани измами. Исто така, ќе може да се побара и информација од интернет провајдери или банки со цел да се пронајде идентитетот на трговците кои се служат со измами.
Фото: Pexels