Нови рекорди на Волстрит

12

Вчера на Волстрит, S&P 500 и Dow Jones индексот благо пораснаа, достигнувајќи нови рекордни височини, продолжувајќи ги добивките во текот на минатата недела, месец и целиот прв квартал.

Dow Jones зајакна 0,12 отсто, на 39.807 поени, додека S&P 500 порасна за 0,11 отсто, на 5.254 поени. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,12 отсто, на 16.379 поени.
На најголемата светска берза вчера мирно се тргуваше бидејќи работната недела заврши со оглед на тоа што денеска е затворен поради велигденските празници.

Во изминатата недела Dow Jones зајакна 0,8 отсто, а S&P 500 за 0,4 отсто. Индексот Nasdaq ослабе, пак, за 0,3 отсто. Индексите забележаа раст и во март и во целиот прв квартал. Во тој квартал, имено, Dow Jones порасна за 5,6 отсто, додека S&P 500 скокна за 10,1 отсто, а Nasdaq за 9,1 отсто.

Тоа е најмногу благодарение на силниот раст на цените на акциите на технолошките компании поради еуфоријата во однос на развојот на вештачката интелигенција, како и надежта на инвеститорите дека американската централна банка наскоро ќе почне да ги намалува каматните стапки.