
Цените на услугите во одделот Услуги за копнен и цевководен транспорт во првото тримесечје од 2026 година пораснале за 6.7 % во споредба со првото тримесечје од 2025 година, објави Државниот завод за статистика.
Според видовите транспорт, цените на копнениот и цевководниот транспорт бележат пораст од 6.7 %, додека кај поштенските и курирските услуги остануваат непроменети.
Во истиот период, цените на услугите во секторот Информации и комуникации бележат пораст од 4.2 % во одделот Телекомуникации.
Опфатени се секторите Ж – Услуги за транспорт и складирање и Ѕ – Услуги за информации и комуникации според Класификацијата на производите по дејности (КПД).
Цените на услугите во првото тримесечје од 2026 година во однос на првото тримесечје од 2025 година се зголемиле за:
- 6.7 % кај копнениот и цевководниот транспорт
- 4.2 % во одделот Телекомуникации, а остануваат непроменети кај поштенските и курирските услуги










