Нови вработувања по успешно завршена талент програма на Сеавус

48

1125225e-9853-470e-bd0e-e81010271a55

Софтверската компанија Сеавус, во рамки на својата талент програма успешно заврши уште еден тренинг за IT OSE со цел регрутирање на млади, талентирани и амбициозни инженери, стои во соопштението.

Програмата за IT OSE таленти на Сеавус, којашто се одржа во октомври 2016-та година, беше бесплатна и наменета за дипломирани студенти или студенти на последна година на техничките факултети во земјава, како и за сите кои имаат познавања од ИТ индустријата.

Во времетраење од еден месец, избраните кандидати имаа можност да ги усовршат своите вештини за имплементација на Multi-layer Monitoring системите, како функционира администрирањето и одржувањето на MS SQL или Oracle серверите и како се решаваат проблемите кај апликациите, мрежите и системите.

По завршувањето на тренингот, Сеавус вработи четворица IT Operations инженери кои започнаа да работат во дивизијата за Managed Services, која е вброена во листата на топ 100 Managed Services провајдери во светот.