Новиот аеродром во Истанбул доби награда за дизајн во Берлин

35

turcija

Новиот аеродром во Истанбул којшто е во изградба, на Светскиот фестивал за архитектура (World Architecture Festival) што од 16 до 18 ноември се одржа во Берлин, доби награда за дизајн. Наградата во категоријата Infrastructure – Future Projects ја добија главниот дизајнер Scott Brownrigg и дизајнерите Grimshaw, Nordic и Haptic, како и архитектите Fonksiyon и TAM/Kiklop.

Планирано е на аеродромот дневно да се реализираат 2.000 летови, да минуваат 200 милиони патници годишно од преку 150 авиокомпании, кои ќе летаат на преку 350 дестинации.

Изградбата ќе се одвива во четири фази. Првата фаза треба да заврши на почетокот на 2018 година.

Ова е трет аеродром во Истанбул. Се гради на европската страна од градот, на површина од 76,5 милиони метри квадратни и ќе биде најголем во светот.