Новата вила на ултра успешната двојка Џеј Зи и Бијонсе се наоѓа во Њу Орлеанс, а вреди 2,6 милиони долари. Интересно е тоа што оваа градба некогаш била Презвитеријанска црква и школо за балет, а истата датира од 1925 година.
Некогашниот олтар е трансформиран во голем трпезариски простор, а оригиналните дрвени подови, столбовите и бордурите се зачувани.
Вилата зафаќа површина од 1.500 метри квадратни, има високи тавани и три приватни апартмани од 100 метри квадратни, што се простираат на три ката.
Домот брои вкупно 22 простории, од кои седум спални соби и осум бањи, трпезарија, дневна соба, соба за гости, како и голема библиотека.
Овој имот има и зелен покрив на којшто е посадена трева и се користи како двор со прекрасен поглед на градот.