Цените на нафтата на меѓународните пазари забележаа пад поради загриженоста поврзана со воведување нов карантин во повеќе земји поради пандемијата, како и поради зајакнатиот долар.
На лондонскиот пазар, цената на барел се намали за 57 центи и изнесува 55,42 долари. На американскиот пазар барел нафта поевтини за 26 центи, на 51,98 долари.
Аналитичарите сметаат дека закрепнување на побарувачката за нафта заостана во Европа, посебно поради долготрајниот карантин.
Фото: Freepik