Новиот пијалак на Coca-Cola доаѓа во историско шише од 1894 година

22

Новиот производ на Coca-Cola е миксер* за алкохолни пијалаци, но она што е интересно е пакувањето, пишува Yanko Design.

За подобра промоција, овој пат е одбран дизајнот на првото шише од популарниот пијалак, коешто датира од далечната 1894 година.

Според брендот, дизајнот е совршен спој на минатото и иднината. Инаку шишето кое е познато под името Hutchinson, има рамни страни и задебелен завршеток на горниот дел.

Ознаката на која што е испишано името и информациите за пијалакот е во бела боја, а компанијата произведе четири различни вкусови на миксери Woody, Spicy, Herbal, и Smoky. Миксерите се креирани за да се користат заедно со темни алкохолни пијалаци, како виски и рум.

Фото: Coca Cola

*газирани и негазирани сокови што се користат за разблажување на алкохолот