Новиот Робин Худ ќе се снима во Дубровник

25

Croatia; Dubrovnik

Режисерот на филмот Robin Hood: Origins, Ото Батрст, во четвртокот на состанок со градоначалникот на Дубровник Андро Влахушиќ изјави дека Дубровник, кој во филмот ќе биде Нотингем, е локација каква што не можеле да сонуваат.

„За филм со историска тематика, изборот на локација е клучен. Разгледувавме десет локации по целиот свет, меѓутоа Дубровник многу брзо се наметна како единствен избор“, вели режисерот, пишува во соопштението објавено на страната на Градот.

Извршниот продуцент на филмот Е. Бенет Волш, изјави дека буџетот за маркетинг и промоција на филмот е близу 100 милиони долари, а Дубровник ќе биде основа на вкупната глобална маркетинг кампања.

Поставувањето на сценографијата ќе започне во декември, а снимањето ќе се одвива три недели во февруари и март. Премиерата на филмот е планирана за февруари 2018 година.