Новите американски санкции против Русија се насочени кон воената индустрија

19

Американскиот министер за финансии Џенет Јелен денеска најави дека САД ќе воведат нови санкции против Русија.

Поточно, санкциите ќе бидат наметнати на транснационална мрежа на поединци и компании кои работат на набавка на воени технологии кои се користат за руските воени дејствија во Украина.

На маргините на самитот на Г-20 во Бали, Јелен изјави за новинарите дека санкциите ќе бидат насочени кон 14 физички лица и 28 деловни субјекти, вклучително и финансиски посредници, но одби да даде детали за тоа каде се наоѓаат и најави дека наредбата ќе биде издадена подоцна денеска, пренесува Ројтерс.

„Ова е дел од нашите засилени напори да ги запреме воените активности на Русија и, преку санкции и извозни контроли, да и се ускрати на Москва потребната опрема“, рече Јелен, одбивајќи да даде детали за тоа кои технологии ќе бидат насочени кон новите санкции.