
На Волстрит цените на акциите во средата пораснаа втор ден по ред, откако новите податоци покажаа дека инфлацијата се намалува, поддржувајќи ја идејата дека американската централна банка повторно нема да ги зголеми каматните стапки.
Dow Jones зајакна 0,47 отсто, на 34.991 поени, додека S&P 500 порасна за 0,16 отсто, на 4.502 поени, а индексот Nasdaq 0,07 отсто, на 14.103 поени. Откако еден ден претходно податоците за потрошувачките цени покажаа дека инфлациските притисоци во САД се намалуваат, ова вчера го потврди и извештајот за цените на производителите.
Имено, тие цени во октомври паднаа за 0,5 отсто на месечно ниво, најмногу во последните три и пол години.
На годишно ниво, пак, тие пораснаа за 1,3 отсто, значително побавно од септември кога пораснаа за 2,2 отсто.