Новите постпејд Smart тарифи на Македонски Телеком со неограничени разговори и СМС пораки

29

^4BA7764AB27789CBC2779400667AF896A196B1CDA04F200685^pimgpsh_fullsize_distr

Македонски Телеком воведе нови Smart тарифни модели во постпејд коишто нудат неограничени разговори и СМС пораки и супер брз мобилен интернет со 4G пристап, се вели во соопштението.

Со новите тарифни модели за прв пат во Македонија неискористениот интернет ќе може да се префрли во наредниот месец. Покрај неограничената комуникација кон домашните мрежи, корисниците добиваат и бесплатни минути кон меѓународни мрежи.

Доколку се искомбинираат кои било три Smart тарифи на една сметка може да се добие попуст од 20% на месечната претплата.

Со Smart тарифите корисниците можат да го одберат и омилениот Samsung смартфон по супер цена и да уживаат во неограничена комуникација на најдобрата мобилна мрежа во Македонија.