Новите Samsung Galaxy A52 и A72 – врвна технологија по прифатлива цена

115

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd ја претстави најновата Galaxy A серија телефони, односно моделите A52 и A72, правејќи ги моќните иновации достапни за секого. Оваа серија на корисниците им овозможува да комуницираат и да се изразуваат со помош на врвната камера, да се препуштат на беспрекорното искуство што го нуди моќниот дисплеј и да имаат повеќе мир  благодарение на отпорноста на уредот на вода и долготрајноста на батеријата. Исто така, А серијата уште повеќе ќе го прошири мобилното искуство, овозможувајќи им на корисниците да се поврзат со други Galaxy уреди, како што се Galaxy Buds Pro, Galaxy SmartTag и Galaxy Tab.

“Samsung сака на своите корисници секогаш да им го обезбедува она што им е најпотребно и што копнеат – и затоа нашата мисија е Galaxy A серијата да ја направиме  крајната иновација достапна за секого. Моделите A52 и A72 ги комбинираат сите најдобри функции, иновации и карактеристики на Galaxy семејството, и тоа по пристапни цени“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделот за мобилни комуникации на компанијата Samsung Electronics.

Врвна камера во служба на креативност, комуникација и самоизразување  

Samsung постави високи стандарди кога станува збор за камери за паметни телефони, а од тоа не заостануваат ни моделите Galaxy A52 и A72.

  • Разновидна камера– Корисниците сега можат да прават кристално чисти фотографии и видеа, со помош на разновидната четириструка камера од 64MP. Омилените моменти од 4K видео, корисниците можат за само неколку секунди да ги претворат во фотографии со висока резолуција од 8MP, благодарение на 4K Video Snap опцијата. Покрај тоа, Scene Optimizer користи вештачка интелигенција за да постигне најдобар квалитет на фотографијата, со помош на оптимални поставки за дури 30 категории фотографии и позадини, како што се храна, пејзажи и домашни миленици.
  • Стабилна слика и дење и ноќе– Без разлика дали корисниците ги снимаат најновите предизвици за танцување или трикови со скејтборд, OIS (оптичка стабилизација на сликата) има задача да ги одржува фотографиите и видеата со фокус и стабилност. Нема потреба да избегнувате фотографирање при слаба осветленост затоа што Night mode користи multi-frame обработка на фотографиите, па крајниот резултат е одличен дури и во мрак.
  • Забавни додатоци – Корисниците сега можат да ги направат своите снимки уште позабавни, со помош на AR Emoji и My Filter опциите. Дополнително, можат да ја применуваат AR Lenses опцијата од социјалната мрежа Snapchat, користејќи Fun Mode.

Видете и бидете видени со телефонот со супериорен екран и софистициран дизајн

Samsung ги подобрува искуството и стилот со супериорен екран и софистициран дизајн, кој совршено се вклопува и го рефлектира начинот на живот на корисникот.

  • Уште побрзо и посветло–  Со брзина на освежување на Super AMOLED екран 90Hz на Galaxy од A52 и A72, корисниците можат да уживаат во омилената содржина и да се движат низ социјалните мрежи, дури и кога се на отворено, благодарение на осветленоста на екранот од 800 nit.
  • Пријатно гледачко искуство – Екранот поседува ‘Eye Care’ сертификат и автоматски ја прилагодува топлината на бојата врз основа на моделите на употреба на телефонот со помош на Eye Comfort Shield технологија, за да се намали напрегањето на очите.
  • Софистициран дизајн– Новата Galaxy A серија обезбедува освежен изглед, кој е истовремено едноставен и елегантен, со заоблени рабови и минималистичко куќиште на камерата.

Проширете ги искуствата благодарение на моќта на Galaxy екосистемот

Новата Galaxy A серија носи подобрено искуство на непречена поврзаност со други уреди во Samsung Galaxy екосистемот.

  • Организација и поврзаност– SmartThings на Galaxy A серијата поврзува и управува со илјадници уреди во паметни домови, вклучувајќи носечки уреди, таблети, компјутери и телевизори. Дополнително, SmartThings Find може лесно да ги лоцира поврзаните уреди додека Galaxy SmartTag Bluetooth локаторот може да најде дури и уреди кои не се мрежно покриени, така што локаторот ќе се прикачи на оние предмети што се најважни за корисниците.
  • Непречено уживање во музиката –   Без разлика дали учествувате на заеднички тренинг дома или слушате најнов подкаст со пријателите, корисниците можат лесно да се поврзат и да слушаат музика заедно. Music Share лесно го поврзува телефонот на корисникот со уреди на пријатели за да ја слушаат истата содржина.  Исто така, поврзувањето на телефонот со два пара Galaxy Buds слушалки е овозможено од функцијата Buds Together.
  • Едноставно следење на содржината– Quick Share им овозможува на корисниците лесно да испраќаат фотографии и видеа без ограничување на големината на Galaxy уредите во околината. Покрај тоа, во случај да се премислите во меѓувреме, Private Share опцијата овозможува да ја откажете испратената содржина со само еден допир.

Очекувајте повеќе и добијте повеќе од Galaxy семејството уреди

Новата Galaxy A серија доаѓа со есенцијалните Galaxy карактеристики кои секој корисник заслужува да ги има

  • Нема грижи за уредот – Galaxy A52 и A72 се отпорни на вода и прашина со оценка IP67. Покрај тоа, Samsung Care+ овозможува непосредна поддршка и гарантирано покривање во неочекувани ситуации како што се оштетување, расипувања, кражба или губење на телефонот. На крај, Samsung Knox е тука да се грижи за безбедноста на личните информации на корисниците во реално време.
  • Дводневна батерија – Корисниците можат да снимаат, создаваат и консумираат содржина без грижа, благодарение на моќната батерија што трае два дена. Батеријата на A52моделот има капацитет од 4.500mAh, додека онаа на A72 има капацитет од 5.000mAh.
  • Уживајте во врвните карактеристики– Galaxy A52 и A72 доаѓаат со важни карактеристики на Galaxy екосистемот, како што се стерео звучници подобрени со Dolby Atmos технологијата икапацитет на надворешна меморија до 1TB. Исто така, редизајнираниот One UI 3 обезбедува интуитивно корисничко искуство со унапредена брзина и нагласување на важни информации.                      
  • Поддршка за одржливост – Samsung редовно ги евалуирапроизводите и пакувањето за да открие нови начини за промовирање на одржливост. При пакувањето на Galaxy A52 и A72 телефоните, се користат специјални калапи за пулпа и хартија, со цел да се намали неискористениот простор.
  • Софтверски ажурирања– Samsung секогаш се обидува на корисниците да им го обезбеди најновото мобилно ажурирање на оперативен систем. Така е и со новата Galaxy A серија – A52 и A72 поддржуваат три генерации на ажурирања на оперативниот систем и редовни безбедносни ажурирања што траат најмалку четири години.

Достапност

На домашниот пазар моделите ќе бидат достапни во виолетова, сина, црна и бела боја по препорачаните цени:

  • A52 LTE (6+128GB)– 999 денари
  • A72 LTE (6+128GB) – 25.999 денари