Ново БИО млеко од Дукат

38

biom_news_velikaОд следната недела на македонскиот пазар компанијата Дукат ќе понуди нов производ – единствено трајно млеко, произведено од одбрани фарми кои се сертифицирани за органско производство на млеко, според правилата на ЕУ.

Ознаката Био на новото млеко на Дукат претставува гаранција дека млекото е произведено во строго контролиран природен еко систем, што значи постојана грижа за начинот на исхрана на млечните крави, нивната состојба, свежиот воздух и чистата вода.

“Сите млека на Дукат се со висок и постојан квалитет, но најновото Био млеко има и една дополнителна вредност, а тоа е дека потекнува од еколошки сертифицирани фарми кои го добиваат суровото млеко онака како што би сакала природата. Потрошувачите во Македонија ја заслужуваат оваа вредност и ние сме горди што можеме да им ја овозможиме”, изјави Кристина Панајотовиќ – Ристовски, бренд менаџер на Дукат Македонија.

Новото млеко содржи 2,8% млечна маст и ќе се нуди во еднолитарска амбалажа во која најдобро се штитат природните и хранливите состојки.