Ново партнерство: Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје со ексклузивна заедничка соработка во животното осигурување

39

Халк Банка АД Скопје и Триглав Осигурување Живот АД Скопје потпишаа Договор за соработка во делот на животно осигурување, со кој е дефинирана заедничка ексклузивна соработка. Овој партнерски Договор има за цел да ја зголеми понудата на банко осигурување на македонскиот осигурителен пазар преку зголемување на премијата за животно осигурување, но и обезбедување на комплетна услуга на сите кредитокорисници на Банката.

Во доменот на неживотното осигурување Банката и понатаму ќе ги нуди производите на Халк Осигурување АД, а со оваа нова соработка секој клиент на Банката ќе може на брз и едноставен начин и со врвно понудена услуга и услови, да дојде до полиса за осигурување согласно своите потреби и можности.

Халк Банка АД Скопје оваа година го слави својот јубилеј – 10 години на македонскиот пазар. Благодарение на начинот на работа и раст во сите сегменти на банкарското работење Банката стана една од четирите најголеми банки во земјава, во категоријата системски значајни банки а со тоа и најбрзо растечката банка во Северна Македонија.

Триглав Осигурување – Живот АД Скопје на македонскиот осигурителен пазар работи три години, а изминатата ја одбележа со најголем раст на премијата за животно осигурување на пазарот, но и со нов препознатлив пристап со кој на клиентите им понуди нови и прилагодени производи со сеопфатни покритија, но и уникатно корисничко искуство типично за една од водечките Групации во Југоисточна Европа.

Фото: Pixabay