Ново поскапување на златото

Европските и американските берзански индекси денеска паднаа, златото повторно поскапе, додека цената на нафтата падна и покрај неизвесноста на Блискиот Исток по падот на режимот во Сирија.

Индексот DAX на Франкфуртската берза во 9:15 часот падна на 20.335,65 поени, британскиот FTSE 100 на 8.313,60 поени, францускиот CAC 40 на 7.457,86 поени, а московскиот MOEX на 2.538,28 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна на 44.401,93 поени, индексот S&P 500 на 6.052,85 поени, а вредноста на индексот Nasdaq на 19.736,69 поени.

Според податоците на берзата, цената на суровата нафта паднала на 68.216 долари, а на нафтата „брент“ на 72.028 долари.

На отворањето на берзата ТТФ се продаваа европски фјучерси на гас по цена од 44.840 евра за мегават-час.

Цената на златото порасна на 2.664,72 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3387 долари за бушел (бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот изнесуваше 1,05481, што е приближно исто како и во понеделникот.

Фото: Pixabay