Новогодишна Samsung наградна игра за припејд корисниците на Македонски Телеком

20

Samsung nagradna igra

Во пресрет на Новогодишните празници, Македонски Телеком ќе ги изненади припејд корисниците со можност да добијат супер Samsung награди.

Сè што треба да направат е да се јават или да пратат SMS порака со текст START на бесплатниот број 1469 и да надополнат каков било ваучер на нивната припејд сметка. Секој ден ќе се доделуваат по три Samsung Galaxy A3 смартфони, а секоја недела врвниот Samsung Galaxy S6 Edge Plus.

Во извлекувањето на главната награда ќе учествуваат корисниците што ќе надополнат вкупен износ од најмалку 600 денари во периодот на времетраење на наградната игра. Главната награда е Samsung пакет од соништата: телевизор Curve 65“, смартфон Galaxy S6 Edge Plus  и 10-инчен таблет.

Наградната игра почнува на 3 декември 2015 до 20 јануари 2016, а извлекувањето на главната награда ќе се одржи на 21 јануари, 2016 година.