Новогодишно изненадување од Вип: 9,9 денари за минута за повици од странство

24

vip

Во пресрет на празниците и сезоната на зимски одмори, телекомуникацискиот оператор Вип на своите припејд и постпејд корисници им овозможува разговори од странство кон сите мрежи во Македонија по цена од 9,9 денари за минута. За да зборуваат по оваа цена, единствено што треба да направат корисниците е да го внесат кодот *123* пред телефонскиот број што го повикуваат и знакот # на крајот (пример *123*389XXXXXXXX#).

Промоцијата започнува од денеска и трае се до 28-ми февруари 2015 и е автоматски достапна за сите припејд и постпејд корисници на Вип, без дополнителни трошоци за активација. Можноста за ваков вид на разговори е достапна во преку 160 земји.

Освен разговори од странство за 9,9 денари минута, корисниците на Вип оператор ќе можат безгрижно да сурфаат при престојот во која било земја во Европа. Преку активирање на Vip Roam Surf S пакетот со коj за 399 денари, корисниците добиваат 20 МB мобилен интернет во странство или Vip Roam Surf M пакетот со кој добиваат 50МB за 699 денари, а можат да ги користат во текот на 30 дена од моментот на активација.

По искористување на интернетот вклучен во секој од пакетите, корисниците можат да продолжат да сурфаат по значително намалени цени или да извршат повторно активирање на еден од понудените пакети. Пакетите можат да се активираат од земјава или од странство, преку СМС на бројот 140 999, со текст START SURF M или START SURF S во зависност од избраниот пакет.

Дополнително, за корисниците што зимскиот одмор ќе го поминат во некоја од земјите од Телеком Австрија Групацијата, Вип нуди и интернет роаминг пакети со 10 пати повеќе вклучен сообраќај преку партнерските оператори во Австрија, Словенија, Србија, Хрватска, Бугарија, Белорусија и Лихтенштајн. Овие пакети може да се активираат со испраќање СМС порака на 140 999 со текст START SURF 200 за пакет од 200 MB за само 399 денари или СМС порака на истиот број со текст START SURF 500 за пакет од 500 MB за само 699 денари.