Новости: Шеик на Копаоник ќе гради луксузен хотел од 10.000 квадрати

27

kopaonikПринцот престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати Мухамед бин Зајед ал Нахјан на Копаоник ќе гради луксузен хотел од 10.000 метри квадратни во планински стил, пишуваат Новости.

Штом ќе заврши зимската сезона, Копаоник ќе стане “градилиште”, затоа што овој зимски центар ќе биде побогат за два репрезентативни објекти, во сопственост на шеикот Мохамед бин Зајед и тенисерот Новак Ѓоковиќ, наведува Вечерње новости.

Шеикот на местото на стариот хотел Југобанка ќе гради супермодерен објект во планински стил на 10.000 квадрати, а српскиот тенисер ќе инвестира во ски – центар.

Тимот на шеикот во мај следната година ќе почне со изградбата на хотелот. Хотелот, кој се очекува да биде вистинска туристичка атракција, ќе се гради од најскап и природен материјал.