Nude shopping – “голи” намирници во маркетите за поголема продажба

26

Сè повеќе продавници и маркети практикуваат да го продаваат свежото овошје и зеленчук без амбалажи, односно неспакувано.

Купувачите повеќе ги привлекуваат “голите“ намирници, односно пред да се одлучат да купат, го испитуваат производот во своите раце и гледаат колку е свеж. Според експертите во индустријата, неспакуваното овошје и зеленчук имаат поголема шанса да завршат на нечија трпеза отколку тоа што ќе биде сместено во некаква амбалажа.

Ланецот на маркети New World од Нов Зеланд е пример за зголемување на продажбата за 300% применувајќи го овој “гол“ тренд. Маркетите, освен пластичните кеси, полека ги елиминираат и чиниите од стиропор каде обично се става овошјето и зеленчукот.

Мирисот на свежите намирници, исто така, придонесува за нивно купување. Купувачите многу повеќе би се одлучиле да земат некој производ доколку истиот го има задржано природниот мирис. Пластичните пакувања не само што штетат на околината, туку и го “задушуваат“ овошјето и зеленчукот, а со тоа го прават и помалку атрактивно за купувачите.

Сè повеќе одгледувачи, добавувачи и произведувачи на храна покажуваат интерес за елиминирање на пластиката. Ланецот New World ги охрабрува купувачите да си донесат свои торби или садови во коишто би ги понеле купените производи, а истиот пример го следат и други маркети коишто се одлучиле на овој еколошки тренд.