Нуклеарката Кршко ќе работи до 2043 година

66

krsko

Словенија и Хрватска се договорија да го продолжат работниот век на заедничката нуклеарна електрана Кршко до 2043 година, не земајќи ги во предвид повиците на еколошките организации да се затвори оваа постројка, пишува РТС.

“Одлучивме да ја продолжиме работата на нуклеарната електрана Кршко поради нејзината добра оперативна безбедност и економските и инвестициони резултати“, изјави словенечкиот министер за инфраструктура, Петер Гашпершиќ, по состанокот со својот хрватски колега Иван Врдољак.

Нуклеарката Кршко, којашто се наоѓа во Словенија, околу 100 километри источно од Љубљана и 50 километри од Загреб, требаше да биде затворена во 2023 година.

Пред седум години беше забележано и протекување од реакторот, но немаше последици по животната средина. Еколошките организации, вклучувајќи ја Greenpeace, повикуваат на затворање на оваа електрана поради нејзината старост и опасност во случај на посилен земјотрес.