Nuro, старт – ап за автономна испорака, доби финансиска поддршка од скоро една милијарда долари

47

Фото: Facebook

Стартапот за автономна испорака, Nuro успеа да добие 940 милиони долари финансиска поддршка од Softbank vision fund, со што стана компанија со најголемо финансирање во секторот за автономно возење, пишува Ars technica.

Добиените пари ќе ги искористат за проширување на своите услуги, поврзување со нови партнери, зголемување на флотата на автомобили и развој на тимот.

Веста за финансирање доаѓа откако Nuro започна со комерцијална работа на јавни патишта.

Минатата година, Nuro претстави авто – пилот возило што може да врши достава на намирници и ја започна соработката со американскиот синџир на супермаркети Kroger.

Роботот на Nuro се движи со максимална брзина од 40 километри на час.

Nuro е основан во 2016 година, од страна на Дејв Фергусон и Џијан Жу, кои претходно работеа во Google на развој на автономни автомобили. Пред една година, компанијата успеа да собере финансиска помош десет пати помала (92 милиони долари) од оваа што ја доби сега.