Nutella на удар на француските сенатори

26

Творците на познатиот крем Nutella изјавија дека нема да го променат рецептот дури и ако Франција, нејзиниот најголем пазар, го прифати предлогот да го зголеми за четири пати данокот за главната состојка, палмовото масло.

Сенаторите во Франција предложија 300% зголемување на данокот за палмово масло врз основа на фактот дека неговото производство е штетно за околината, а неговото конзумирање го поттикнува прекумерното дебелеење.

Фредерик Тил, францускиот директор на италијанската компанија Ferrero, произведувачот на Nutella, за Le Parisien изјави дека „аргументите се неправедни, а последиците би биле катастрофални”.

Рецептот на Nutella е измислен во една италијанска слаткарница во 1944 година. Главните состојки на кремот се шеќер, млеко во прав, лешници, какао, емулгатор, арома и палмово масло на кое сега во Франција има данок од скоро 100 евра за тон. Тој данок би требало да порасне на 400 евра за тон, доколку предлогот добие мнозинска поддршка во Сенатот и во долниот дом на парламентот, Националното собрание.

Доколку се прифати предлогот за зголемување на данокот за 300%, според здружението лекари ASEF кои го поддржуваат законот за зголемување на данокот, цената на една тегла крем ќе се зголеми за 0,06 евра.

Тил изјави дека произведувачот на Nutella ќе стори се за да го ограничи ударот од зголемувањето на данокот врз потрошувачите.