
Компанијата „Нвидија“ купи акции на „Интел“ во вредност од пет милијарди долари, објави американската компанија за производство на чипови во понеделник во регулаторна документација, со што ја заврши трансакцијата објавена во септември.
Водечкиот производител на чипови за вештачка интелигенција објави дека ќе плати 23,28 долари по акција за Интел. Овој договор се смета за значајно финансиско „спасување“ за Интел, кој по години стратешки грешки и скапи инвестиции во производствени капацитети сериозно ги исцрпи своите финансии, објавува Ројтерс.
Според поднесеното барање, Нвидија, моментално највредната компанија во светот, купила повеќе од 214,7 милиони акции на Интел по цена договорена во септември преку приватна продажба.
Американските антимонополски власти ја одобрија оваа инвестиција, што беше потврдено со известувањето на Федералната трговска комисија на САД (FTC) објавено претходно во декември.













