Nvidia купува удел во Intel

Американскиот производител на чипови „Нвидија“  објави дека ќе инвестира пет милијарди долари во „Интел“, со договорена соработка со гигантот во криза, што би можело да предизвика прашина во секторот.

Нвидија ќе купи обични акции на „Интел“ по цена од 23,28 долари, што е за 6,5 проценти помалку од нивната цена на затворање вчера. Понудата на „Нвидија“ е значително повисока од 20,47 долари по акција што американската влада ги плати во август за неочекуваното купување на 10 проценти од акциите на „Интел“ за 5,7 милијарди долари.

Во август, јапонската „СофтБанк“ му обезбеди на „Интел“ финансиска инјекција од две милијарди долари. Сопственичкиот удел на „Нвидија“ веројатно ќе биде четири проценти или повеќе откако „Интел“ ќе издаде нови акции според договорот, обезбедувајќи ја својата позиција меѓу најголемите акционери на „Интел“, проценува „Ројтерс“.