ОАЕ ќе доделува државјанство на странци

287

Oбединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе доделуваат државјанство на одредени категории странци кои придонесуваат за развој и просперитет на земјата. Веста на Twitter ја објави премиерот на ОАЕ, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

“Прифативме амандман со кој можеме да им доделиме државјанство на ОАЕ на инвеститори и талентирани луѓе како што се научници, лекари, инженери, уметници, писатели и нивните семејства“, рече шеикот Мохамед.

Промената во законот на ОАЕ предвидува странците кои ќе добијат државјанство на ОАЕ да можат да го задржат државјанството стекнато со раѓање.

Одлуката на властите на ОАЕ има за цел да додели државјанство на луѓе кои придонесуваат за развој на земјата, нагласи владата на ОАЕ во соопштението на Twitter.

Населението на Обединетите Арапски Емирати се состои главно од странци.

Фото: Pixabay