ОАЕ: “Златна“ виза за 100.000 програмери

212

Во обид Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) да ја зајакнат својата дигитална економија и да отвори голем број работни места во технолошкиот сектор, го објавија почетокот на Националната програма за програмери, што е најголем од овој вид во светот.

Преку оваа програма, Емиратите сакаат да привлечат околу 100.000 софтверски експерти, стартапи и веќе етаблирани компании што се занимаваат со програмирање за да може да се создаде голем екосистем во којшто ќе се развиваат програмери.

За пријава на оваа програма, потребен е само талент. Емиратите веќе се договориле компании како што се: Google, Microsoft, Amazon, Cisco, IBM, LinkedIn, Facebook… да обучуваат околу 100.000 програмери, со цел да се основаат околу 1.000 нови стартапи во коишто ќе бидат вложени до 920 милиони евра.

Оние чии пријави ќе бидат успешни ќе добијат таканаречени “златни“ визи во Обединетите Арапски Емирати. Тие ќе можат да добијат статус на долгорочен резидент во Емиратите, којшто инаку е тешко достижен.

Фото: Pixabay