Американскиот претседател Барак Обама ќе предложи основање на фонд од една милијарда долари за намалување на влијанието на климатските промени. Обама ќе ја предложи новата мерка во рамките на расправата за нацрт буџетот за 2015 година.
Новиот фонд ќе финансира истражувања за последните климатски промени, како и заштита на заедницата и инфраструктурата.
Расправата за буџетот почнува во март.