Обединетото Кралство – најголем производител на виски

56

whisky3Фото: Eurostat

Обединетото Кралство е лидер на пазарот на производство на виски, објави Eurostat. Со производство во вредност од повеќе од 3,7 милијарди евра, Обединетото Кралство е убедливо број еден производител во 2016 година.

Неговото производство изнесува 85% од вкупниот број на ЕУ, додека пак 88% отпаѓа на вкупното произведено количество виски во ЕУ во однос на количеството. Oколу девет од десет шишиња виски произведени во ЕУ потекнуваат од Обединетото Кралство.

Обединетото Кралство е и најголемиот извозник на виски на пазарите во ЕУ, односно во 2016 година продало виски во висина од 5 милијарди евра, од кои 69% се извезува надвор од ЕУ. Тоа сочинува речиси три четвртини од извозот на виски од сите земји-членки на ЕУ оваа година.

Најголем, пак, увозник на виски е Франција. Во 2016 година, земјите-членки на ЕУ увезувале виски со вредност од 3,1 милијарда евра. Франција увезла виски во вредност од 750 милиони евра таа година (24% од вкупната вредност на увозот на земјите-членки на ЕУ).

Втора на листата најголеми земји увозници на виски се Германија (441 милиони евра, 14%), Шпанија (372 милиони евра, 12%), Холандија (264 милиони евра, 9%), Велика Британија 202 милиони евра, 7%) и Полска (128 милиони евра, 4%).