
Граѓаните на Соединетите Американски Држави се во просек најбогатите во светот, со личен имот во износ од 311.000 евра, според најновиот Извештај за глобалното богатство на осигурителната компанија „Алијанц“ за 2024 година.
Швајцарија е сè уште втора во светот по богатство по глава на жител, кое во оваа земја изнесува речиси 268.860 евра, додека граѓаните на Сингапур се на третото место (197.460 евра).
За разлика од Соединетите Американски Држави, каде што две третини од растот дојдоа од зголемување на вредноста на акциите, дури 84 проценти од растот на Швајцарија дојдоа од дополнителни заштеди.
Специфичноста на швајцарскиот модел е силната ориентација кон осигурувањето – 41 процент од заштедите се насочени кон осигурителни производи, додека банкарските депозити сочинуваат само 15 проценти. Покрај тоа, повеќето инвестиции во хартии од вредност се поврзани со взаемни фондови, особено ETF.
Во Швајцарија, бруто финансиските средства на домаќинствата пораснаа за 4,2 проценти на годишно ниво минатата година, што е значително повисоко од растот во 2023 година, кој изнесуваше 2,6 проценти.
Најголемиот придонес дојде од хартиите од вредност, додека осигурувањето, пензиските фондови и депозитите пораснаа поумерено. Кога долгот ќе се одземе од вкупната актива, нето финансиските средства се зголемија за 5,3 проценти.
Граѓаните на Хрватска се на 31, место со 19.950 евра, Бугарија на 35 место со 17.840 евра, а на Србија се на 49-то место со 2.390 евра, додека жителите на Шри Ланка, Перу, Филипините, Камбоџа, Виетнам, Аргентина, Индонезија и Пакистан се справуваат полошо.
Глобалното население се збогати минатата година, бидејќи вкупните финансиски средства во светот се зголемија за 8,7 проценти на 269 трилиони евра. Ова го надмина растот од претходната година, кој изнесуваше осум проценти, додава швајцарскиот портал „Свис Инфо“.
Листа на земји со најбогати граѓани
Соединети Американски Држави (311.000 евра)
Швајцарија (268.860 евра)
Сингапур (197.460 евра)
Данска (191.560 евра)
Тајван (167.530 евра)
Шведска (144.470 евра)
Канада (138.090 евра)
Нов Зеланд (133.030 евра)
Холандија (127.640 евра)
Белгија (110.290 евра)
Австралија (110.280 евра)
Јапонија (91.920 евра)
Германија (86.800 евра)
Италија (83.510 евра)
Ирска (79.800 евра)
Велика Британија (77.180 евра)
Австрија (75.760 евра)
Франција (74.870 евра)
Малта (63.960 евра)
Шпанија (49.220 евра)
Норвешка (44.040 евра)
Финска (40.560 евра)
Јужна Кореја (39.290 евра)
Португалија (36.420 евра)
Чешка Република (34.740 евра)
Фото: pixabay











