Објавена новата корона мапа – делови од Грција повторно во темноцрвена зона

125

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) во четврток ја објави  мапата на коронавирус во Европската унија.

Според оваа мапа, членките на ЕУ донесуваат мерки и ги одредуваат правилата за влез од одредена земја токму според бојата што таа земја ја има на оваа карта.

Боите за поединечни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација.

Новата мапа на корона покажува дека ситуацијата е малку влошена во споредба со минатата недела.

Делови од Хрватска влегоа во темноцрвената зона, а во Грција сега доминира темноцрвената боја и воопшто нема зелени зони.