Објавена новата корона мапа на ЕУ

48

Европскиот центар за контрола и превенција на болести објави нова корона – мапа  на Европа. 

Боите за поединечни области се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација.

На најновата карта може да се забележи влошување на состојбата, бидејќи сè повеќе земји повторно се во портокаловата и темноцрвената зона. Се намалува бројот на земји во зелената зона. Хрватска и Словенија се целосно темноцрвени, во Грција некои делови се сменија од црвени во портокалови.