Објавени новите предавачи и панелисти на AI WEEKEND

Првиот AI Weekend во Ровињ ќе биде домаќин на претставници од глобалните компании TikTok, Meta и OpenAI

Првиот AI Weekend, кој ќе се одржи од 19 до 22 септември во Ровињ, ќе ги донесе најголемите имиња од светската и регионалната AI сцена, вклучувајќи претставници од компаниите TikTok, Meta и OpenAI. AI Weekend првенствено ќе им донесе одговори на деловната заедница за сите прашања поврзани со влијанието на AI врз бизнисот – од предностите и недостатоците при воведувањето на вештачката интелигенција до тоа какви бизнис трансформации може да очекуваат компаниите со понатамошниот развој на вештачката интелигенција.

Во Ровињ доаѓа Роџер Веркховен, еден од водечките светски експерти во областа на вештачката интелигенција и независен креативен директор во OpenAI, компанија која стана синоним за вештачка интелигенција благодарение на најпознатата алатка – ChatGPT, која го трансформираше начинот на кој работиме, учиме и пребаруваме на интернет.

Веркховен ја започна својата 30-годишна кариера работејќи на генеративната вештачка интелигенција, а потоа стана ко-оосновач на CollaborAitors AI, уметнички колектив кој го продуцираше првиот краток анимиран филм генериран со AI, „Let’s Be Friends“. Во 2022 година се придружи на тимот на OpenAI, помагајќи во разбирањето на експерименталниот модел DALL•E, а подоцна и ChatGPT. Затоа, не пропуштајте да ги откриете сите волшепства на вештачката интелигенција и како да го искористите нејзиниот целосен потенцијал!

Бренд кој ги разбира емоциите на купувачите

Можат ли купувачите да ги споделуваат емоциите со брендот, како радост, лутина или љубов? Што ако брендот може да ги разбере тие емоции и да води разговор со емпатија, без човечка помош? Давор Брукета, сосопственик на агенцијата Bruketa&Žinić&Grey и Ервин Јагетиќ, Директор за производи во Infobip, ќе одговорат на овие, но и на други сродни прашања, и ќе објаснат како светот на брендирањето и технологијата се преплетуваат и како нивната соработка може да одговори на барањата на купувачите, создавајќи подлабоки интеракции.

Претставници од TikTok и Meta за политиките на своите компании

Европа е првиот регион кој претстави целосна правна рамка за AI, позната како AI Act, па не е изненадување фактот дека на AI Weekend ќе се дискутира и за правни теми. Како овој акт ќе влијае на компаниите, стартапите и гигантите како TikTok и Google, ќе зборуваат Лукаш Габлер, менаџер за јавни политики и врски со владата CEE, TikTok и Патрик Товариш, менаџер за јавни политики CEE, Meta. Дознајте дали AI има светла иднина во Европа, како експертите гледаат на донесениот AI Act и што прават по тоа прашање во компаниите TikTok и Meta.

Како да ја зачуваме вредноста на вештачката интелигенција?

Додека AI продолжува да се развива, многу компании се плашат од инвестирање во истата. Постои ли потреба за внатрешно инвестирање во AI и колку е тоа неизвесно? Како да ги подготвите AI системите за иднината? На овие прашања ќе одговори Гордан Крековиќ, извршен директор на компанијата Visage Technologie на неговото предавање за стратегии и одржливост на вештачката интелигенција во светот на брзиот технолошки напредок.

Детални информации за AI Weekend може да најдете овде, но и на профилите на социјалните мрежи Instagram и LinkedIn.