Објект за одмор на возачите на автобуси на станица во Амстердам

114

avtobuska stanica amsterdam 1

Во централната автобуска станица во Амстердам, архитектонското студио Benthem crouwel architects, дизајнираше посебен простор наменет за одмор на возачите на автобуси, пишува Design boom.

avtobuska stanica amsterdam

Впечатливиот бел објект е на два ката и има површина од 80 метри квадратни. На долниот кат е сместено складиште, технички простор и тоалет, додека просторот за одмор и малата кантина се на вториот кат од објектот поставен на автобуската станица во холандската престолнина.

avtobuska stanica amsterdam 3

Станува збор за дрвена конструкција, чија фасада е направена од полиуретан. Двата ката од внатрешната страна се поврзани со спирални скали.

avtobuska stanica amsterdam 2