Облакодер каде сопствениците ќе ги паркираат автомобилите во своите станови без разлика на кој кат живеат

147

Во Јужна Флорида се гради зграда којашто ќе има 62 ката и ќе вклучува 200 луксузни апартмани наменети за богати клиенти кои бараат дискреција.

Она што го прави овој облакодер посебен и автентичен е лифтот за возила, кој ќе им овозможи на станарите да ги паркираат своите автомобили во рамките на нивната станбена единица, без разлика на кој кат живеат.

Овој систем на гаражи на секој кат ќе им овозможи на сопствениците да влегуваат и излегуваат од своите станови и автомобили. Ова особено ќе им одговара на познатите личности кои на тој начин ќе ги избегнат љубопитните фанови и новинари.

Секој апартман ќе има ограден балкон, сауна и надворешен туш. Во внатрешноста на облакодерот ќе има простор за спа зона, базен, теретана, кино, ресторан и бар за љубителите на вискито, како и  парк и градина.

Целиот проект ќе биде финализиран за четири години, а почетната цена на становите е 4,2 милиони американски долари.

Можеби оваа зграда во иднина ќе започне вистинска револуција во градежништвото и ќе донесе решение за големиот проблем на денешницата во секој голем град – паркинг просторот.

Фото: Pixabay