Облеката на главната актерка од Брилијантин продадена за скоро половина милион долари

82

Облеката што ја носеше Оливија Њутн Џон во легендарниот филм Брилијантин се продаде за двојно поголема сума од очекуваната на аукција во Беверли Хилс.

За црните тесни пантолони и црната кожна јакна, неименуван купувач плати 405.700 долари.

Освен облеката на актерката, меѓу другото, продадени се уште неколку работи поврзани со мјузиклот од 1978 година. Продажбата имаше за цел да се собрат пари за центар во Австралија каде се лечат луѓе заболени од рак.

На аукцијата вкупно беа собрани 2,4 милиони долари. Постер од филмот потпишан од главниот машки лик Џон Траволта и останатите актери собра 64.000 многу повеќе од првата проценка којашто беше 1.000 долари, пишува Reuters.

Розовите јакни што ги носеа актерките во филмот, исто така, се продадени за сума од 50.000 долари, 25 пати поголема од прогнозираната.

Фото: Facebook